Арачиновец со автомобил удрил полицаец, кој сакал да го легитимира

Вчера околу 16 часот на булевар Крсте Мисирков, арачиновец со автомобил удрил полицаец, кој го легитимирал за сообраќаен прекршок, информираше МВР.

 

„Полициски службеник бил удрен од автомобил „Фолксваген Голф" со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(28) од Арачиново. Имено, при обид на полициски службеници да го легитимираат Ш.М. заради сообраќаен прекршок, тој одбил и со возилото го удрил полицискиот службеник. Ш.М. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштуваат од МВР.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе