Aрачиновец на сила го ставиле во кола, па го однеле на Камник и го претепале

Вчера во 12 часот и 34 минути од Градската општа болница „Свети Наум Охридски" било пријавено дека кај нив бил донесен 30- годишниот И.А од село Арачиново, кој пријавил дека бил физички нападнат од лицата О.Н. и Х.Н..

Како што било пријавено во полиција, жителот на Арачиново бил нападнат од двајца насилници, кои во скопската населба Ченто на сила го ставиле во автомобил „голф“ и го однеле во близина на стрелиштето „Камник“, каде што го претепале.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе