Апсење на дилери во Тетово и Скопје

Во текот на вчерашниот ден, пет лица биле уапсени на неколку различни локации низ Македонија поради поседување на марихуана.

„Вчера вечер во 23.40 часот на бул.„Јане Сандански’’ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

На регионалниот пат во тетовското село Горно Палчиште, на 14.11.2019 околу 23.30  часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.С.(28) и А.С.(25), двајцата од гостиварски Добридол, кои биле во  патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Истиот ден околу 21.40 часот, на локалниот пат Требош - Палатица, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(24) и А.М.(41), двајцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, пронајдена е марихуана и ризла“, информираат од МВР.

 

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе