По инцидентот во скопската населба

Aнима мунди: Домашно расно куче слободно шетало и гризнало повеќе луѓе во Аеродром

Расно куче кое имало сопственик и кое било пуштено слободно да шета, нападнало и гризнало повеќе луѓе во населба Аеродром, информираат од здружението за заштита на животни Анима мунди.

„Нападите се случиле од расно куче кое е непознато на локалното население и на активистите за заштита на животните од тој реон, кое некој го пуштил и се обидуваме да го лоцираме, го бараме. Во тој дел живеат бездомни кучиња кои се сите стерилизирани – вакцинирани – обележани и за кои локалните жители и наши активисти се грижат, кои се миленици на децата кои живеат таму“, велат од Анима Мунди.

За ова здружение виновни се неодговорните сопственици, оние кои кучето го воспитале/научиле да напаѓа и кои го пуштиле слободно да шета и на тој начин ја изложиле јавноста на опасност. Анима мунди бара одговорност за овие лица.

„Неодговорното сопствеништво е причинител број 1 за постоење на бездомните кучиња на улица, испуштените од контрола и неодговорно чуваните кучиња се оние кои се недоволно социјализирани и оние кои главно напаѓаат, за што говорат и податоците во Инфективната болница и искуствата со кои се соочуваме на терен“, стои во соопштението на „Анима Мунди“.

Оттаму додаваат дека досега во повеќе наврати доставале предлог законски измени и барале дефинирање на строга законска рамка околу обврските и задолженијата кои би овозможиле да се санкционираат неодговорните сопственици.

Полицијата соопшти дека кучето искасало две жени на возраст од 40-тина години и четири деца на возраст од 10 до 14 години, на просторот меѓу булеварите Јане Сандански и АСНОМ.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе