Портпаролот на МВР

Ангеловски: Да не се шпекулира, детали за причините за несреќата ќе се знаат по увидот

Увидот на местото на несреќата на патот Скопје-Тетово сѐ уште трае, а ќе продолжи и во текот на ноќта и утре. Истовремено, дадена е наредба за обдукција на загинатите, информираше вечерва портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски. 

„Трагично е што во несреќата има 13 загинати и 30-тина повредени. Автобусот на ‘Дурму турс’, кој патувал кон Тетово, околу 16.45 часот изгубил контрола, излетал од патот и се превртел. Најмногу од повредените се пренесени на скопските клиники, двајца се во тетовската клиника, а еден повреден е во гостиварската“, изјави Ангеловски за МКД.мк. 

Тој апелираше да не се шират шпекулации во врска со причините за несреќата и кажа дека веќе е разговарачно со возачот на автобусот, а по завршувањето на увидот ќе се знаат повеќе детали. 

Инаку, сообраќајот на патот Скопје-Тетово и Тетово-Скопје, како што информира Автомото-сојузот на Македонија, е во целосен прекин.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе