При претреси во домот кај двете лица, на подрачјето на Гази Баба, извршени со наредба од Судија на претходна постапка, соопштија денеска од МВР, кај А.П. биле пронајдени и одземени голема ќеса и тегла со марихуана, хашишово масло и вага, додека кај Р.П. е пронајден амфетамин и две ваги.
Двете лица се приведени во полициска станица, а по документирање на случајот против нив СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје ќе поднесе кривични пријави за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.