Основно јавно обвинителство Скопје

Американец обвинет за кршење на полициски час, една жена за фалсификуван ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 43-годишен државјанин на САД, кој на 28 мај се движел во општина Центар во часовите кога движењето на населението беше забрането како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.
Со ова странскиот државјанин сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

Обвинителството до судот поднесе предлог со 2.000 евра да биде казнета 49-годишна жена која на Меѓународниот аеродром во Скопје покажала фалсификуван ПЦР тест.

„На 28 мај, 49-годишната обвинета се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, притоа прикажувајќи фалсификувана исправа – лажен медицински сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-CoV-2 вирусот“, информира скопското обвинителство.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе