„Алфите“ запленија оружје, муниција и ножеви најдени во автомобил близу Сити мол

На 10 јануари околу 21.50 часот полициски службеници од полициската станица Карпош во содејство со припадници на единицата "Алфа" при контрола на патничко возило форд фокус, со прилепски регистарски таблички паркирано во близина на ТЦ „Сити мол" откриле и заплениле одредено количество оружје и муниција.

При прегледот на возилото, пронајдени се: еден пиштол марка умарех 4.5мм 177; еден пиштол марка Берета 4.5мм, еден пиштол марка екол алп кал.9.мм , една фантомка црна боја; четири ножеви на расклопување; три помали ножеви скриени во футрола; еден куршум 9мм за огнено оружје-пиштол; еден куршум НН калибар; седум куршуми за пиштол за светлосна звучна сигнализација, како и еден магацин од пиштол со 10 куршуми за светлосно звучна сигнализација и друго.

Истовремено во полициската станица Карпош се приведени лицата А.К. (42), М.М. (31) и Ј.С. (32) сите од Прилеп, кои што биле во возилото и против нив по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од МВР.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе