Албански граѓанин во Охрид со мотор удрил во велосипедист, двајцата се повредени

Две лица се повредени во сообраќајката што се случила вчера во Охрид кога албански граѓанин со мопед удрил во велосипедист. 

Како што соопшти МВР, синоќа во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев” во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „априлија”, со охридски регистарски ознаки, управуван од Р.И.(49) од Р.Албанија и велосипед, управуван од Ф.Ј.(61) од Охрид. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Охрид. 

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе