Албански државјанин тешко повреден во сообраќајка

Во сообраќајката што се случи во петокот вечерта наспроти Кичевската касарна на магистралниот пат Кичево-Гостивар, учествувале две патнички возила „Фолксваген-Кеди" со бугарски регистарски ознаки управуван од К.Г.Н.(49) од Бугарија и „Ауди" со албански национални ознаки управувано од Р.З.(23) од Албанија.

Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски информира, дека во незгодата возачот на аудито Р.З. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза" во Скопје, додека возачот на „Фолксвагенот" и сопатникот од истото возило М.В.(51) од Бугарија и сопатникот во „Аудито", О.С.од Албанија, се здобиле со телесни повреди.

Увид на самото место извршиле полициски екипи од ОВР-Кичево а причината за несреќата и висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе