Албански државјани не го почитувале полицискиот час во Струга, ќе бидат парично казнети

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица, државјани на Република Албанија, заради кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на возраст од 26 и 20 години, на 29 март околу 19 часот се движеле по улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга, при што биле затекнати од овластени полициски службеници. Со ова тие постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Македонија, донесена со цел сузбивање и спречување на заразната болест ковид-19.

Јавниот обвинител на Судот му предложи да им изрече парична казна на обвинетите во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 30 евра во денарска противвредност.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе