МВР билтен

Албанец фатен со 2кг марихуана во Струга

Полицијата уапси 31-годишен албански државјанин кој сакал да пренесе 2 кг марихуана. 

На 21.01.2020 по добиени сознанија за вршење на транспорт на дрога од страна на Т.С.(31) од Р.Албанија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга презеле мерки и активности, при што околу 15.50 часот, Т.С. бил затекнат на автобуска станица во Струга.

Веднаш потоа, полициските службеници извршиле преглед на Т.С. и во неговиот багаж била пронајдена кеса со марихуана со тежина од околу 2 кг., која била одземена и пратена на вештачење.

Т.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе