Акцијата на МВР „Безбедно лето“ откри точење алкохол на малолетници во Битола

Во локал на „Широк сокак“ во Битола полицијата откри дека на тројца малолетници им бил точен алкохол, поради што се најавени кривични пријави, а на три деца во продавница им бил продаден алкохол. Полицијата ги повикала родителите на децата. Акцијата на МВР „Безбедно лето“ откри дека малолетни деца пијат алкохол по парковите и на други места низ населбите.

Полициски службеници од СВР Битола-ОКП Битола при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 " во повеќе угостителски објекти, обиколка на школски дворови, паркови, паркинг простори, игралишта во Битола, затекнале малолетници кои се послужени со алкохолни пијалаци и кај кои било утврдено присуство на алкохол, соопшти МВР.

Синоќа, во 22.45 часот, при контрола во угостителски објект на ул."Широк Сокак" биле затекнати три малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци, поради што против угостителите ќе следува пријава по чл.204 од Кривичниот законик. Исто така, ноќеска во 1 часот по полноќ во продажен објект на ул."Широк Сокак" управител и вработено лице послужиле тројца малолетници со алкохол. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите. Против правните лица следуваат соодветни пријави, велат од МВР.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе