Во Скопје

Акција на МВР против „дивите тркачи“

Во рамки на акциска контрола на подрачјето на Скопје за откривање и санкционирање на т.н. „диви тркачи" полицијата презела мерки против 34 возачи. Притоа 19 возила се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост и 15 се упатени на вонреден технички преглед поради поставени фолии без атест. Од возилата што се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост, четири мотоцикли се задржани во полициска станица.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, кон возачи преземени се вкупно седум мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

Акцијата на полицијата била спроведена во периодот од 17:30 часот на 17 март до 01:00 часот на 18 март од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.

Министерството за внатрешни работи и во наредните денови ќе продолжи со засилени контроли со цел санкционирање на оние што ги кршат законите и ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот. с

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе