При претресите во просториите кај едно правно лице и кај три физички лица Ѓ.К, А.Д. и Т.Т., сите од Штип, пронајдени се предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад", казниво по чл.230 од Кривичниот законик и кривични дела „кражба" и „тешка кражба", кои со потврда привремено се одземени и ќе бидат вратени на оштетените граѓани.
Од страна на инспекторите од двата државни инспекторати констатирани се неправилности во работењето кај сите откупни пунктови. Се работи на целосно документирање на случаите по што од страна на надлежните до ОЈО Штип ќе бидат поднесени соодветни пријави.