АХВ поднесе кривична пријава против сопственикот на ресторанот „Мир“ во прилепско Ораовец

Агенцијата за храна и ветеринарство поднесе кривична пријава против сопственикот на ресторанот „Мир" во прилепското село Ораовец, кој е лоциран на вештачко езеро, поради сомневање за сторено кривично дело – симнување на службен печат или знак, односно поради отстранување на службен знак – лепенка „Затворено од Агенција за храна и ветеринарство".

Лепенката е поставена од инспекторите за храна на Агенцијата, по извршената вонредна инспекциска контрола на 4 септември годинава.

Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите, апелираме до граѓаните да не го посетуваат овој угостителски објект, бидејќи тој не е под контрола на инспекциските служби на АХВ и истиот е ризичен по нивното здравје. Доколку се решат на тоа, посетата ќе биде на нивна лична одговорност. Ресторанот „Мир" ДООЕЛ, не е регистриран од АХВ, се баедува во соопштението од Агенцијата.

Со извршените три инспекциски контроли (вонредна контрола на 17 август, контролен инспекциски увид на 29 август и извршен вонреден инспекциски увид на 4 септември), од страна на инспекциските служби на АХВ, утврдено е дека ресторанот не ги исполнува основните услови за хигиена на храна, односно во него нема безбедна вода за пиење, подготовка и хигиена (на храна и општа хигиена на гостите) бидејќи истиот е исклучен од градската водоснабдителна мрежа.

За констатираните недоследности со контролите, покрај изречените парични казни, поведената прекршочна постапка, како што стои во соопштението, издадено е и решение за забрана за вршење на угостителска дејност во ресторанот, кое, сопственикот не го почитува, а заради што и по последната спроведена вонредна инспекциска контрола поставен е службен знак – лепенка „Затворено од Агенција за храна и ветеринарство" кој тој самоволно ја отстранил.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе