863 санкции за брзо возење на територија на државата

При засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територија на државата денеска санкционирани се 863 возачи за брзо возење. Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Како што соопшти денеска МВР, од вкупниот број изречени санкции, 75 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 450 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 413 надвор од населено место.

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе