8-дневен притвор за охриѓанец што нападнал полицаец

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Ј.А. (27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста и ,загрозување на сигурноста.

Како што информираа од полицијата на 8 февруари во Охрид, при контрола на возилото на пријавениот, истиот му упатувал закани, а потоа и физички го нападнал полицискиот службеник, по што пријавениот бил лишен од слобода, и од страна на судија од надлежен суд му била одредена мерка притвор во траење од осум дена.  

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе