79-годишен пешак тешко повреден во сообраќајка во Тетово
Вчера во 05.45 часот на крстосница во Горна чаршија во Тетово, патничко возило „фиат пунто", со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.И.(25) од Тетово, удрило во пешакот М.И.(79), информираат од МВР.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.