76-годишен маж со пиштол се заканувал во канцеларија на доверител во Гевгелија

Маж на возраст од 76 години со пиштол се заканувал во канцеларија на доверител во Гевгелија. Откако бил приведен тој на полицијата и кажал дека пиштолот бил „плашливец" и го фрлил во река Вардар во близина на мотел.

„Вчера во Полициска станица Гевгелија бил лишен од слобода Б.К.(76) од Гевгелија, бидејќи во канцеларија на извршител Д.Д. (46) во Гевгелија, каде покрај Б.К. должник биле присутни и доверител П.П.К.(66) од Гевгелија и адвокат Д.А.(59) од Нов Дојран, тој вперил пиштол кон П.П.К., но бил спречен во намерата од Д.А. По приведувањето Б.К. изјавил дека пиштолот бил „плашливец" и го фрлил во река Вардар во близина на мотел", велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе