Сообраќајна контрола

74 возачи добија казни заради непрописно претекнување, 190 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Македонија, при што санкционирани се 74 возачи. Санкционирани се 190 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената.

Како што посочуваат од МВР, од вкупниот број на санкции за недозволено претекнување, 34 се на територијата на СВР Тетово, 23 на територијата на СВР Охрид.

Од санкционираните 190 возачи за брзо возење, 18 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 73 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе