Сообраќајка во Кичево

73-годишен возач удри во двајца малолетници, едниот е тешко повреден

Двајца малолетници се повредени, од кои едниот потешко откако вчера 73-годишен кичевец удрил во нив со својот автомобил.

„Вчера во 18.10 часот на локалниот пат кај с.Челопеци во Кичево, патничко моторно возило „фолксваген голф" со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(73) од Кичево, удрило во двајца пешаци- малолетници од с.Челопеци, кичевско. По незгодата, тие биле пренесени во Медицински центар Кичево, при што кај едниот биле констатирани телесни повреди, а кај другиот тешки телесни повреди“,  се вели во полицискиот билтен.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе