МВР го потврди настанот

71-годишен маж од Скопје е починатиот кој Филипче се обиде да го реанимира

МВР го потврди случајот со починатото лице на охридска плажа, за кое вчера објавивме дека министерот за здравство, Венко Филипче се обиде да го реанимира.

Вчера во 19.05 часот, во СВР Охрид, од Итната медицинска помош е пријавено, дека на плажа во близина на хотелски комплекс во Охрид има починато лице. Од увидот било констатирано дека станува збор за 71 годишно лице од Скопје“, велат од СВР Охрид.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе