70-годишен пешак почина по удар од автомобил

Маж почина во болница откако во него удри автомобил. Според МВР, се работи за пешак на возраст од 70 години. 

„Вчера во 10:10 часот на автопат Северна обиколница за Скопје, на надвозник за исклучокот за село Кондово, патничко возило „бмв Х6", со скопски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот А.И. од Скопје, удрило во 70-годишниот пешак Т.Н. од село Мојанци, скопско. По незгодата, Т.Н. бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза", каде по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје“ - информира МВР.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе