Сообраќајна контрола

663 возачи „фатени“ на полициски радар, од тоа 109 во Скопје

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција спровела акциска радараска контрола, при што на повеќе локации низ земјата се казнети 663 возачи, од кои 22 возеле со брзина поголема од 70 километри на час над дозволената. Само во Скопје на радар се „фатени“ 109 возачи.

Од санкционираните 663 возачи, 109 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возачи со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 299 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 364 надвор од населено место.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 109 санкции, 34 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 санкции за возење без возачка дозвола, три прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе