64-годишник претепал 14 годишно девојче заради скршено огледало

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – насилство. Оваа се вели во соопштението на јавното Обвинителство Скопје, од каде додаваат дека осомничениот 64-годишник грубо навредувал, малтретирал и извршил физичко насилство врз дете на возраст од 14 години.

„Оштетената со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот во Аеродром. На 23 јануари, девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал најпрвин да ја навредува, а потоа и да ја удира со тупаници и со стап по главата и телото. Во еден  момент зел парче од скршеното огледало и започнал да ја сече од задната страна на вратот. Оштетената се обидела да избега и да повика помош, но тој продолжил да ја тепа и во дворот на куќата. За време на настанот во куќата била и сопругата на братот на оштетената со нејзините две деца на возраст од три месеци и 1,5 година, која не успеала да му помогне на девојчето“, информираат од скопското обвинителство.

Имајќи го предвид видот и тежината на кривичното дело што му се става на товар, предвидената казна, опасноста и степенот на загрозување од вакви кривични дела, како и фактот дека се работи за насилство врз 14-годишно дете, надлежниот јавен обвинител процени дека постојат околности кои укажуваат опасност од бегство на осомничениот. Од тие причини, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Притоа, јавниот обвинител го ценеше и фактот што се работи за кривично дело против јавниот ред и што осомничениот е лице кое е претходно осудувано и кое би можело да го повтори кривичното дело.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе