61-годишен возач загина во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Едно лице загина, а четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на магистралниот пат Охрид- Кичево, во близина на село Врбјани – општина Дебрца.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале ,автомобил фолксваген голф, со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(61) од село Долна Белица, струшко и автомобил тојота корола, со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(64) од Охрид.

На местото на незгодата починал Г.Р, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

„Со тешки телесни повреди се здобиле Б.Б., негов сопатник С.Б.(62) од Охрид и малолетен сопатник во патничкото возило „фолксваген голф", а со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф" од с.Долна Белица, струшко, констатирани во болницата „Св.Еразмо" во Охрид“, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе