Обвинителството бара притвор

60-годишен маж се самозадоволувал пред три малолетни деца во Миладиновци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг", а јавниот обвинител достави предлог за одредување мерка притвор.

Како што информира ОЈО, 60-годишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата „Беровска", во Скопје вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години.

Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото.

Наведените околности упатуваат на тоа дека нема услови за определување поблага мерка за обезбедување негово присуство во текот на постапката, особено ако се има предвид тежината на предметното кривично дело и запретената казна од над 4 години затвор, оценил надлежниот јавен обвинител.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе