Сообраќајна контрола во Скопје

53 возачи пиеле пред да седнат во возило, полицијата ги исклучи од сообраќај

Полицијата исклучи од сообраќај 53 возачи за време на сообраќајните контроли во Скопје. Изречени се  23 казни за возење без возачка дозвола.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 201 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 99 санкции, 53 за возење под дејство на алкохол, 23 за возење без возачка дозвола, осум за нерегистрирани возила“, соопшти МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период, предупредуваат од МВР.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе