53-годишен маж загина во тешка сообраќајка кај Страцин

Во сообраќајната незгода што се случи вчера попладне кај кратовското село Страцин, на клучката кај местото Чатал, животот го загуби 53-годишен жител на Македонска Каменица.

„На 24 август 2020, во 15:05 часот било пријавено дека во село Страцин, кратовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф" со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од 23- годишниот С.Ѓ. од село Саса, Македонска Каменица и патничкото моторно возило „бмв" со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.П. (47) од тетовското село Мала Речица. Во незгодата, на местото на настанот починал совозачот во возилото „голф", 53-годишниот В.Ј. од село Костин Дол, Македонска Каменица, додека со телесни повреди се здобиле С.Ѓ. и сопатниците од истото возило В.Ј.(50), Н.Ј.(20) и едногодишно дете, констатирани во Медицинскиот центар во Куманово“, информираат од МВР.

Возачот К.П. бил пренесен во Здравствениот дом Кратово, кадешто му била укажана лекарска помош.

Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе