Царинска управа

51 килограм марихуана за Турција запленети на ГП „Богородица“

Марихуана во вредност од околу 200 илјади евра наменета за турскиот пазар, вчера беше запленета на граничниот премин „Богородица“ на излез кон Грција. Дрогата била пронајдена во возило кое го управувал албански државјанин, а со него бил и неговиот син.

Шефицата на Службата за борба против економски криминал во Одделението за истраги, Сектор за контрола и истраги, Лилјана Живковиќ-Давиткова, денеска на прес-конференција информираше дека дрогата е откриена во патничко моторно возило каде што возачот и совозачот се татко и син, албански државјани, тргнати во правец на Грција. Според нивната изјава, дрогата била наменета за грчкиот пазар.

„Според наши оперативни сознанија, имаме информација дека истата била наменета за турскиот пазар. Оттука, вредноста на дрогата изнесува помеѓу 140 до 180 илјади евра на нарко пазарот во Турција. Дрогата е набавена во Република Албанија. Според изјавите пак на лицата коишто се привремено задржани, дрогата е со вредност од околу 200 илјади евра на пазарот во Албанија“, истакна Живковиќ-Давиткова.

Дрогата е пронајдена под седиштата на автомобилот, првично се пронајдени 25 пакувања во специјално направен бункер кај возачот, со текот на деталниот преглед на возилото во задните седишта од возилото се пронајдени уште 20 паковки со опојната дрога марихуана, што значи имаме вкупно 45 пакувања со тежина од 51 килограм.

Од секторот за контрола и истраги појаснија дека првичната селекција е направена врз основ на нивните царински искуства за да потоа врз основа на сите оние индикации во текот на прегледот пристапат кон детална царинска контрола. Во тој момент на граничниот премин, како што рече Живковиќ-Давиткова, се наоѓале едни од најдобрите царински инспектори од мобилните тимови кои успеале врз основа на царинското оперативно искуство, индикациите што во тој момент им биле на располагање да пристапат – да ја селектираат колата и да пристапат кон царинска детална контрола. 

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе