49-годишен маж ја тепал сопругата во домот

Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи приведоа жител од село Косоврасти поради физички напад врз неговата сопруга.

 

„Во ОВР Дебар, приведен е Н.М.(49) од дебарското село Косоврасти. Тој, на 8 и 9 август 2022 година, во семејниот дом, бил агресивен и физички ја нападнал неговата сопруга. Во нивниот семеен дом, увид извршија полициски екипи“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Според него, по целосно документирање на настанот, против Н.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ова е втор случај на пријава на семејно насилство во последните два дена.

Претходно полициски службеници го приведоа С.Б.(67) жител на Дебар кој во семејниот дом физички ја нападнал неговата ќерка.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе