МВР билтен

43-годишен кумановец нападнал старица и кршел во нејзиниот дом

Според пријавеното, кумановец искршил влезна врата и неколку предмети во дворот на старица во кумановско Ново Село. 

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.М.(43) од Куманово, затоа што околу 23.00 часот со остар предмет ја скршил влезната врата од домот на М.Ј.(62) во село Ново Село, кумановско, по што со вратата ја удрил и М.Ј..

Според пријавеното, тој искршил и неколку предмети во дворот.

О.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе