Од останатите казни, 6 се за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 за користење на мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас, три за минување на затворен семафор (црвено светло) и 33 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.