Сообраќајна контрола

35 велосипедисти и мотоциклисти и 16 пешаци казнети од сообраќајната полиција

За време на сообраќајните контроли на територијата на Скопје полицијата им изрече казни на 35 велосипедисти и мотоциклисти за различни видови прекршоци, а казнети се и 16 пешаци, соопшти МВР.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден казнила вкупно 177 учесници во сообраќајот - за брзо возење 23 возачи, 15 санкции за возење без возачка дозвола, две казни за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон, девет за нерегистрирани и технички неисправни возила, како и 49 глоби за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период, велат од МВР и апелираат да се .почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе