33-годишен маж пријавен за исчезнат, со денови не одговарал на телефонските повици

Во Дебар пријавен за исчезнат е маж на триесет и тригодишна возраст. Од СВР-Охрид информираат дека Н.Т. од домот се оддалечил пред неколку дена и не одговарал на телефонските повици.

„Вчера во Секторот за внатрешни работи Охрид, Ј.Т.(35) од Дебар, пријави дека од семејниот дом се одалечил нејзиниот сопруг Н.Т.(33). Одделението за внатрешни работи во Дебар презема мерки за негово пронаоѓање“, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.

Димоски, исто така инфирмираше дека во рамки на редовните контроли во сообрајќајот синоќа од 22 до 6 часот полициските службеници регистрирале и санкционирале 4 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе