30-дневен притвор за штипски дилер

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријавa против Д.Д.(45) од Штип, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Пријавениот во текот на овој месец, заради продажба, од непознато лице за сума од 800 евра неовластено набавил еден килограм марихуана која ја држел во куќа во Штип.

На 9 март по обезбедена Судска наредба извршен бил претрес во домот на пријавениот при што била пронајдена и одземена наркотична дрога марихуана спакувана во едно најлонско ќесе со вкупна нето маса од 873,6 грама, информираа од МВР.

На пријавениот од страна на Судија на предходна постапка одредена му била мерка притвор во траење од 30 дена.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе