30-дневен притвор за прилепски дилер

Вчера прилепската полиција до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Г. (36) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

По претходно добиени оперативни сознанија, поткрепени и со судска наредба за претрес на дом и други простории каде што престојува пријавениот, пронајдени се една поголема и помала кеса со кафеава прашкаста материја и една дигитална вага. Понатаму, пронајдена е уште една кеса со шест помали пакувања во неа исто така кафеава прашкаста материја, а во картонска кутија откриени се пари во апоени од 500 и 1.000 денари во вкупен износ од 53.000 денари.

Пронајдената прашкаста материја е дадена на вештачење во Одделот за крим-техника при МВР, и констатирано е дека се работи за хероин во вкупна маса од 30,7 грама, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе