30 дена притвор за жител на Желино приведен поради сообраќајка во која загина пешак

Четириесет и две годишен жител на Желино доби притвор откако беше приведен како учесник во сообраќајка за која е осомничен дека удрил во соселанец и заминал, додека пешакот починал од добиените повреди.

Фото: Пиксабеј

Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово вчера попладне на Д.Ф. (42) од тетовско Желино му определил мерка притвор од 30 дена, по што тој е спроведен во Казнено поправна установа Затвор „Скопје” за издржување на мерката.

„Осомничениот Д.Ф. се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, согласно членовите 297 и 300 од Кривичниот законик“, информираат од СВР Тетово.

Во четвртокот во 20:20 часот на локален пат во Желино Д.Ф.(42) со патничко моторно возило „БМВ“ удрил во 50-годишниот пешак З.С. (50) од истото село. Потоа го напуштил местото, а од добиените повреди пешакот починал на местото на несреќата.

Д.Ф. бил приведен во полициска станица, а по наредба на обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе