30 дена притвор за лице поврзано со шверц на 100 килограми марихуана

Полициjата од Куманово во кумановското село Никуштак го лишија од слобода С.И. (40) од Арачиново. Тој е приведен по спроведената истрага на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случај на заплена на 100 килограми наркотична дрога марихуана на 31 март во Штип.

„Во рамките на истрагата обезбедени се материјални докази за инволвираноста на наведеното лице во случајот. Во координација со СВР Скопје, ЕНТДО и интервентна полиција, по претходна издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд – Скопје бил извршен претрес во неговиот дом во село Арачиново, при што биле пронајдени мобилни телефони и СИМ картички“, соопшти МВР.

На лицето С.И. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и истиот е спроведен во истражен затвор Скопје. 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе