СВР Скопје

27 шофери немале возачка дозвола, 43 возеле пребрзо, 27 нерегистрирани возила...

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди, во кои две лица поминале со телесни повреди.

Во рамки на преземени мерки и активности, од сообраќај се исклучени 28 возачи од кои еден управувал возило под дејство на алкохол, а 27 возачи затоа што управувале возила без возачка дозвола.

Констатирано е, информираат од СВР Скопје, дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Исто така, исклучени од сообраќај биле и 27 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица возачи поради неправилно престројување и 32 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе