Околу 17 часот и 40 минути патничко моторно возило „пежо 106“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(46) од тетовско Теново, удрило во 27-годишниот С.И. од ова село. Повредениот пешак е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.