264 возачи фатени на полициски радар

Со радарска контрола сообраќајната полиција вчера на патиштата и улиците низ Македонија изрече 264 казни за возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 81 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 183 надвор од населено место. Во Скопје се казнети 17 возачи.

На територија на град Скопје сообраќајната полиција вчера изрече вкупно 105 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите за мотоцикл. Изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за возач почетник.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе