25 мигранти најдени во комби на автопатот Штип – Свети Николе

Вкупно 25 мигранти во комби биле пронајдени вчера на автопатот Штип – Свети Николе, во близина на селото Криводол.

Вчера околу 18.00 часот, на автопатот Штип–Свети Николе, поточно кај с.Кривидол, полициски службеници забележале товарно возило „мерцедес вито", со пробни регистарски ознаки, по што истото застанало на автопат, а возачот и совозачот се дале во бегство. При проверка на возилото биле пронајдени 25 мигранти и тоа 19 од Пакистан, пет од Авганистан и еден од Индија, кои биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг" за понатамошна постапка, велат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе