Трагедија во Тетово

25-годишно момче почина по удар од гром

Дваесет и петгодишно момче од тетовско Долно Палиште синоќа почина откако во него удрил гром. 

„Вчера во 19 часот и 25 минути во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Карабунар", атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е.О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром. Смрт констатирал лекар по судска медицина, увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на семејството", велат од МВР. 

Од удар на гром вчера беа повредени неколку лица на охридската плажа „Оревче". 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе