Од казнетите за брзо возење 21 возач возел со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, притоа 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место.
Во Скопје пак, покрај казнетите за брзо возење, за возење без возачка дозвола и за возење во алкохолизирана состојба казнети се и 12 возачи за користење мобилен телефон, 12 возачи почетници, седум за возење на нерегистрирани возила, шест мерки за некористење сигурносен појас, а казнети се и осум мотоциклисти.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР.