24-годишно момче загина во тешка сообраќајка

Едно лице загина на лице место, а друго со тешки повреди било префрлено во болница, откако кај Пробиштип автомобил излетал од патот и се првртел.

На 13.08.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Ратвици, на место викано „Леговец", патничко возило „фолксваген голф" со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Скопје, излетало од патот и се превртело.

Во незгодата, на местото на настанот починал сопатникот Ф.С.(24) од Скопје, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип- соопштуваат од полиција.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе