21 мигрант од Пакистан, Ирак и Сирија пронајдени кај село Лојане

Полициски службеници вчера пронашле 21 мигрант од Пакистан, Ирак и Сирија во близина на липковското село Лојане.

Како што информираат од МВР, синоќа во 21.50 часот на автопатот Табановце-Куманово, кај обиколница Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ауди Q7”, но возачот не застанал и побегнал со возилото. Потоа, по пребарување на теренот, во близина на влез на село Лојане, биле пронајдени 21 мигрант од Пакистан, Ирак и Сирија, кои биле предадени во Транзитниот центар Табановце за натамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе