21 мигрант, од нив 10 малолетници откриени во возило кај Куманово

Полицијата во Куманово рано утрово во возило со штипски регистарски ознаки пронашле 21 мигрант, од кои 10 биле малолетници. Штипјанецот кој управувал со возилото е приведен.

Од МВР денеска информираа дека рано утрово, еден час по полноќ во кумановското село Матејче, полициски службеници од полициското одделение Матејче дале знак да застане патничко моторно возило „рено еспејс“ со штипски регистарски ознаки, но истото продожило да се движи кон село Отла.

„По кратко време на улицата ‘11 Ноември‘ во Куманово, од полициски службеници од СВР Куманово возилото било сопрено, при што било констатирано дека е управувано од Д.Ј.(70) од Штип. Во возилото се превезувале 21 мигрант и тоа од Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, од кои 10 малолетни лица“, се наведува во соопштението од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Куманово. Д.Ј. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе