МВР билтен

21-годишник почина во сообраќајка кај Ново Село

Сообраќајка меѓу „мерцедес“ и „форд мондео“ завршила кобно за едно лице, а неколкумина се повредени. 

Денеска 30 минути по полноќ на магистралниот пат Ново Село - Смоларска крстосница, на излез од Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(24) од село Рич, струмичко, и патничко возило „мерцедес бенз“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(23) од Ново Коњарево, струмичко.

Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „мерцедес бенз“, И.И.(21) од село Ново Коњарево, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд мондео“, Д.Д. и сопатникот во истото возило И.С.(19) од село Рич, а В.Ч. се здобил со телесни повреди.

Повредените биле префрлени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Струмица.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе